Кошарка
ВИДЕО: Тесна победа на Селтикс, Браун ги реши Нагетс со тројка на 34 секунди до крајот
Лидерот во Источната конференција, Бостонс Селтикс со 111:110 беше подобар од Денвер Нагетс, благодарејќи на „тројката“ на Џејлен Браун на 34 секунди до крајот. Бостон до втората победа во последните седум натрпевари ги водеше Кајри Ирвинг со 27 поени, додека Џејсон Татум додаде 20. Најдобар кај Нагетс беше Никола Јокиќ со 24 кошови.