Тајмаут
ВИДЕО: „Ти плаќаш, секако дека ќе дојдеме“-Лукаку ги однесе соиграчите на вечера
Се чини дека Антонио Конте успеа да создаде атмосфера во Интер, која веројатно е главната причина за добрите резултати.
Втората причина секако е Ромелу Лукаку, кој со 7 голови е прв стрелец на тимот. Летово дојде од Манчестер Јунајтед, а против Бреша во вторникот постигна фантастичен погодок.
Белгиецот реши да ги однесе своите соиграчи на вечера, со цел да им се заблагодари за сето она што сториле за него и што му помогнале брзо да се адаптира во новиот тим.
Моментот го овековечи со камера Антонио Кандрева, а Лукако најнапред се заблагодари на сите кои се одзвале на поканата и дошле на вечерата.
Но, од некој од соиграчите се слушна: Па ти ќе платиш, секако дека ќе дојдеме.
#Lukaku signori e signore ?#Inter pic.twitter.com/tPDCy13ZwU
— LucaLeoni1 (@luca_leoni1) October 30, 2019