Фудбал
ВИДЕО: „Тики-Така“ со Куаме, Пандев го „затресе“ Удинезе
Трет меч од водство на неговиот некогашен соиграч од Интер Тиаго Мота, а втор гол за македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Попладнево Џенова игра против Удинезе на домашен терен, резултатот по првите 45 минути е 1:1, а стрелец на видечкиот гол беше Горан Пандев по една „тики-така“ акција со Куаме. Удинезе израмни преку прекрасниот погодок на Де Паул, а акцијата почна од Несторовски.