Кошарка
ВИДЕО: Топката влегува во кошот и излегува, НБА натпреварот може да се преигра
Натпреварот помеѓу Хјустон и Сан Антонио одигран денес (133:135) може да биде преигран. Техничка грешка на судиите во последниот период може да ја промени судбината на овој натпревар.
На резултат 102:89 за Хјустон, Џејмс Харден освојува топка и се упатува кон противничкиот кош, постигнувајќи погодок со забивање. Изненадувачки, топката се превртува од мрежата и се враќа во рингот.
Беше тоа погодок или не? Судиите кажаа не, но не се во право, бидејќи топката влезе и поради ротацијата која ја доби од мрежата се врати назад, а сето тоа изгледаше како да не е погодок.
Тренерот на Хјустон, Мајк Д’Антони, поради протестите, заборави да побара преглед на снимките од телевизијата бидејќи поминаа 30 секунди. Тој побара преглед на телевизиските снимки подоцна, по истекот на времето.
Во моментот се испитува ситуацијата, но една од опциите што се дискутира е повторувањето на натпреварот.