Кошарка
ВИДЕО: Тројката на Гордон со звукот на сирената за победа на Хјустон
Ерик Гордон со кош во последната секунда му донесе победа на Хјустон ноќеска на дуелот со Филаделфија од НБА лигата.
Домаќините во последните три и пол минути влегоа со предност од осум поени (104:96), но не издржаа и му дозволија на Хјустон да триумфира.
Гордон беше најефикасен со 29 поени, Џејмс Харден оствари дабл-дабл 27 поени и 13 асистенции, двоен ефект имаше и Клинт Капел – 16 поени и 20 скокови.
Во поразениот тим се истакна Џејд Редик со 22 поени.
Хјустон има четири победи од пет натпревари, додека Филаделфија е со само еден триумф од пет средби.