SPORTM.mk
ВИДЕО: Утре промоција на проектот за новиот „Сан Сиро“
Милан и Интер влегоа во заеднички проект за изградба на нов стадион, кој би имал помал капацитет од сегашниот, но кој би донел помали трошоци, а поголем приход на сретства. Според угледниот италијански весник „Газета дело Спорт“, видео промоцијата за двете верзии на новиот „Сан Сиро“ ќе се случи утре.
Проектот со две верзии ќе им биде презентиран на градските власти. Новиот стадион треба да чини 700 милиони евра, а според очекувањата ќе биде завршен до 2022 година. Максималниот капацитет според планираното би бил 60 илјади гледачи, во рамките на стадионот ќе има цел комплекс на продавници, ресторани, деловни центри, но и помошни терени.
Сегашниот „Сан Сиро“ е изграден во далечната 1926 година, реновиран е четири пати, а исто толку пати бил домаќин на финалето на Лигата на шампионите.