Connect with us

Фудбал

(ВИДЕО) УЖАСНИ сцени: Екс голманот на Скопје и Силекс остана без бубрег

Страшна вест доаѓа од српската Прва лига (втора по ранг). Голманот на гостинската екипа, Спасоје Стефановиќ, се најде во страшен дуел со еден од играчите на Жарков, по кој со носилки беше изнесен од теренот.

Имено, Спасоје Стефановиќ кој го брани голот на српскиот второлигаш Раднички, во натпреварот од седмото коло против Жарков во 35. минута беше дел од непријатен дуел. Голманот доби удар, на носилки беше изнесен од теренот и пренесен во болница.

Претходно во кариерата овој голман има играно меѓудругото и за нашите клубови Силекс и Скопје, како и за Ширак и Арарат во Ерменија, за Синѓелиќ, Борча, Телеоптик, Раднички од Обреновац, БАСК во Србија и Кајани од Финска.