Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: ВАР реши меч во Египет, какви сцени на Светското првенство

Ракометарите на Тунис и Бразил одиграа неизвесен меч на СП во Египет, кој е решен во последните секунди и тоа со помош на ВАР технологијата. Тунижанецот Бен Абдала при резултат 32:32 шутираше, ја погоди пречката, а топката падна на линијата и излезе од голот. Ракометарите на Тунис бараа да се признае голот, што судиите го уважија и го признаа голот. Сепак, потоа Бразилците протестираа, па повторно беше гледана снимката, а голот потоа не беше признаен.