Ракомет
ВИДЕО: Вардар загуби од Алборг, Вујовиќ нервозен на тајм-аутот ги караше браќата Њокас
Екипата на Вардар го забележа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Алборг загуби со 33:29.
Најдобар поединец кај домаќините беше Арон Палмарсон кој постигна девет погодоци. Исто толку имаше и Дибиров и тоа сите во првото полувреме, а Кевин Њокас додаде седум.
По пет кола Вардар има два порази и сега е на шестото место со пет бода, додека Алборг и понатаму е прв со осум бода. Во следното коло во Скопје пристигнува Кил (27 октомври).
Тајм аутот на Вујовиќ на следниот ЛИНК.