Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Вечерва Вардар му гостува на Кјелце, ЕХФ вели ова е меч на неделата

Тимот на РК Вардар вечерва му гостува на Кјелце.  Според ЕХФ ова е мечот на неделата, односно мечот на колото. Пред само неколку дена Вардар на домашен терен загуби од истиот противник со 33:29. Вечерва „црвено-црните“ се надеваат на одмазда за тој пораз во „Јане Сандански“. Фаворит секако е Кјелце кој е лидер во групата, но Вардар покажал и во минатото дека знае да „експлодира“ кога најмалку се очекува тоа.

Натпреварот започнува во 20:45 часот со пренос на МТВ.