Тајмаут
ВИДЕО: Во Бразил, играчите го туркаат возилото на брза помош
Човек да не знае дали да се смее или да се плачи по сликата што доаѓа од Бразил.
Васко и Фламенго одиграа 1:1 во Рио де Жанеиро во натпреварот од 25. коло на бразилската Серија А. Риос во 28 минута ги доведе во водство домаќините, но Густаво со автогол во 62 минута го постави конечниот резултат 1:1.
Меѓутоа, сликата од стадионот Васко де Гама која го обиколи светот е онаа кога група фудбалери го туркаа возилото на брзата помош, а кога возачот успеа да го стартува возилото, започна мала прослава на трибините.
Видовме секакви ситуации на фудбалските терени, но никогаш играчите не туркале возило на брзата помош.
Vasco da Gama's Bruno Silva was knocked out in the game against Flamengo, and players had to give the ambulance a push to help it off the pitch. https://t.co/7EFCRiopcE
— James Nalton (@JDNalton) September 16, 2018