Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Во Русија има фудбал, навивачите на Зенит скандираа „Сите ќе умреме“

Додека цела Европа се бори со коронавирусот, во Русија се игра фудбал. Зенит славеше со големи 7:1 против Урал, тим во кој како кондиционен тренер работи Иван Јовановски-Карас.

Колку е неверојатен резултатот, толку уште повеќе беше неверојатно навивањето на домашните навивачи. Тие го исполнија стадионот и скандираа „Сите ќе умреме“.

Имаше и транспарент „Сите сме инфицирани со фудбалот, сите ќе умреме за Зенит“.