Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Вујовиќ со апел до навивачите: Ве молам дојдете во сала, без вас ова не е Вардар

Македонскиот шампион Вардар го очекуваат доста предизвици во оваа сезона во која клубот ќе има можност да игра пред своите навивачи, верната публика во СЦ „Јане Сандански“.

Еве зад мене гледате празна сала, поминаа скоро две години во кои Вардар игра пред празни трибини. Во тек е продажбата на влезниците за новата сезона. Ве замолувам што побрзо да си обезбедите билет, да дојдете, да навивате и му дадете поддршка на Вардарза тоа што без вас Вардар не е Вардар, -порача Вујо.</blockquote

Вардарци полека се враќаат во нормала по турбулентната недела во која административно останаа без настап на фајналфор-турнирот од СЕХА во Задар, откако челниците на ова натпреварување ги исклучија поради еден заболен од Ковид-19.