Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: За малку тепачка помеѓу Лионел Меси и Единсон Кавани

Аргентина и Уругвај одирграа 2:2 во пријателски меч во Тел Авив, а ситуацијата со Лионел Меси и Единсон Кавани доволни говори дека мечот воопшто немаше „пријателски“ карактер.

Иако засега не е познато што точно и претходело на нивната вербална расправија, сепак според пишувањата на дел од светските медиуми, Кавани го предизвикал Меси на тепачка, а овој му вратил дека може и тоа кога сака.

„ЕСПН“ објави дека во тунелот е избегнат инцидент и физичка пресметка помеѓу двајцата фудбалери. Наводно Луис Суарез реагирал, па целата ситуација завршила само со навреди.