Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Забранет влез за Црвена Звезда на Косово

Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ со приватен автомобил ја предводеше делегацијата на клубот до административниот премин Јариње. Сепак, и покрај тоа, на фудбалерите и на делегацијата не им беше дозволен влез на Косово.

Црвена Звезда во рамките од Купот, требаше да му гостува на ФК Трепча, тим кој се натпреварува српската лига и тамошниот натпреварувачки систем, иако се наоѓаат на косовска територија, поточно во Северна Митровица.

-Имаме забрана за влез на територијата на Косово. Причината не ја знаеме. Забраната ја издала владата на Косово, изјави Терзиќ на новинарите.

Според последните информации, делегацијата и навивачите на Црвена звезда се враќаат за Белград, а натпреварот е откажан.