Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Збесна кога Ремзи му го „украде“ голот, сега Роналдо истото го направи на Жота

На Кристијано Роналдо му е потребен само еден гол, да стигне до бројката од 100 во националниот дрес. Сепак, до 99 стигна преку „кражба“. Имено, иако беше бесен кога Ремзи му го „украде“ голот против Локомотив Москва во ЛШ, тој слично нешто направи вечерва на дуелот Луксембург – Португалија.

Роналдо само од гол линијата ја „турна“ топката во мрежата и практично на Диго Жота му го „украде“ голот. Со ова Роналдо го спречи својот соиграч од репрезентацијата да го постигне дебитантскиот гол во националниот дрес.

Португалија славеше со 2:0 против Луксембург и како второпласирана репрезентација во Групата Б обезбеди пласман на ЕП.

*Моментот кога Роналдо го „украде“ голот е на 4:55 минута.