Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Зошто воопшто полетал? Се виде дека нешто не е во ред со хеликоптерот на газдата на Лестер

Претседателот и сопственик на Лестер Сити, Вичај Шривадханапраба и четворица други луѓе страдаа во хеликоптерската несреќа што се случи неочекувано по крајот на натпреварот со Вест Хем.

Хеликоптерот се урна кратко по полетувањето во близина на стадионот, иако на местото на несреќата веднаш дојде брза помош, беше јасно дека тешко кој ја преживеал несреќата.

Со истиот хеликоптерот, тајландскиот милијардер доаѓаше на секој натпревар на Лестер. Причините за несреќата за на медиумите во Англија, ќе бидат познати следната недела, бидејќи пред истражителите има напорна работа за да се утврди што навистина се случило, но на видеото снимено пред полетувањето може да се види дека хеликоптерот има технички проблеми.

Видеото покажува дека полетувањето било доста чудно, а пред хеликоптерот да се крене во воздух, се гледа како чад.

Шривадханапраба беше фаворизиран од играчите, а сега Лестер ќе доживее сосема поинаква судбина, тој ја освои титулата шампион на Англија пред две години.