Connect with us

Фудбал

Вилијамс нов рекордер во Ла Лига: Не пропушти меч од 2016 година

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс запиша неверојатен рекорд, откако се најде во стартниот состав за натпреварот со Алавес во шпанската Примера.

Со самиот факт што се најде во почетниот состав на Баскијците го запиша 203-тиот натпревар по ред во Ла Лига без да пропушти ниту еден. Тој со ова го мина рекордот на легендата на Реал Сосиедад, Хуан Антонио Ларањага.

Вилијамс нема пропуштено ниту еден меч од 2016 година. Пред две сезони беше на мета на многу европски великани, но реши да остане во Билбао и да постане легенда на клубот, а притоа и да урива рекорди.