Connect with us

Други спортови

Вилијамс против Возниацки во финалето на ВТА Турнирот во Сингапур

Победа на Венус Вилијамс што значи пласман во финалето на ВТА Турнирот во Сингапур . Таа во полуфиналето ја победи Каролине Гарсија од Франција со 2-1 во сетови (6:7 (3:7); 6:2 и 6:3) за два часа и 29 минути игра.

Нејзина противничка ќе и биде Каролине Возниацки од Данска, која во првото полуфинале ја совлада Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови.

Ова за Венус Вилијамс ќе биде трето финале, а има и еден триумф на женскиот завршен турнир кога во 2008 година ја победи Вера Звонарева, а следната година загуби од својата сестра Серена Вилијамс.

И покрај тоа што не избори пласман во полуфиналето Симона Халеп 2017 година ќе ја заврши како тенисерка број 1 на светот.