Connect with us

Тајмаут

Владимир Кличко објави видео од уништениот Киев и испрати силна порака (ВИДЕО)

Поранешните светски шампиони во бокс Владимир и неговиот брат Виталиј Кличко моментално се во Киев и помагаат во одбраната на Украина од рускиот агресор.

Војната во Украина трае веќе 20 дена, а војската на Владимир Путин уништува се поголем број тамошни градови и убива цивили, додека украинскиот народ масовно бега од опустошената земја.

Иако само во Полска отидоа речиси два милиони жители, ги има и оние храбрите кои останаа да ја бранат државата, меѓу нив и шампиони во бокс. Покрај браќата Кличко, тука се и Васил Ломаченко и Олександар Уски, но и други спортисти како тенисери, фудбалери или кошаркари.

Владимир Кличко и неговиот брат Виталиј, кој е градоначалник на Киев, често на социјалните мрежи објавуваат видеа за актуелната ситуација во Украина. Денеска Владимир објави уште едно видео на Твитер со порака:

„Порака за оние кои се уште служат на режимот на Путин: и вие сте во војна со Путин. Историјата ве набљудува. Човештвото ќе ви суди“, напиша поранешниот боксерски шампион.

„Ова е уште еден доказ за војна. Апелирам до приватниците, деловните луѓе, владите кои не престанаа да соработуваат со Русија. Вие и помагате на руската армија да ги уништи нашите градови и животи. Во оваа зграда загинаа цивили, а вие имате крв на рацете. Стоп за војната“, пораката е Кличко.

Владимир (64 победи и пет порази) и Виталиј веќе се пензионирани од спортот, но претходно доминираа во тешка категорија. Владимир беше шампион во верзиите ИБФ, ВБО, ИБО и супер шампион на ВБА. Неговиот брат владееше во верзиите ВБО и ВБЦ, но сега тие титули се најмалку важни и двајцата имаат само една цел…