Фудбал
Во американскиот фудбал се повтори случајот со Кристијан Ериксен
Во американскиот фудбал се повтори случајот со данскиот интернационалец Кристијан Ериксен од европскиот фудбал во летото 2021 година.
Играчот на Бафало Билс, Дамар Хамлин, беше онесвестен за време на натпреварот од НФЛ против Синсинати Бенгалс.
Тој собори противник на земја, а потоа стана. Сепак, речиси веднаш падна на тревата, онесвестен, на ужас на сите.
Лекарскиот тим констатирал срцев удар. На Хамлин му требаше половина час за да се врати отчукувањата на срцето.
Потоа бил пренесен во медицинскиот центар во Синсинати, каде што соопштиле дека спортистот е во критична состојба.
кој беше прекинат, пренесоа светските агенции. Во моментот на прекин, Синсинати водеше со 7-3.
Тој падна на теренот по судир со Ти Хигинс од противникот и изгуби свест. Лекарите му направиле CPR. Тој бил пренесен во медицинскиот центар во Синсинати, каде што соопштиле дека спортистот е во критична состојба.
Хамлин (24) е во својата втора сезона во НФЛ.
„Натпреварот помеѓу Бафало Билс и Синсинати Бенгалс е одложен