Connect with us

Фудбал

Во Баерн шокирани од брзината на нивното големо засилување експресно го отпишаа

Познатиот германски весник Билд денеска објави дека англискиот фудбалер Ерик Диер ненадејно ќе го напушти Баерн Минхен. Во јануари 30-годишниот Англичанец пристигна на позајмица во Баерн, кој во мај може бесплатно да го задржи во својот тим, но нема да се решат на тој чекор бидејќи стручниот штаб на Баварците е шокиран од брзината на овој фудбалер.

Утврдено е дека Диер нема доволна брзина за настап во Бундеслигата , па наеднаш ќе стане слободен фудбалер бидејќи му истекува и договорот со Тотенхем. Неодамна Диер падна на физичките тестови на тренингот на Баерн и беше дефинитивно пречкртан. Откако дојде на позајмица, Диер одигра пет натпревари во Бундеслигата, а на теренот има акумулирано само 300 минути. Билд наведува и дека Буна Сар и Ерик Максим Чупо-Мотинг на крајот на сезоната дефинитивно ќе го напуштат клубот од Минхен, чии договори истекуваат.