Ракомет
Во Битола се спрема земјотрес: В година фузија на Еурофарм Работник и Пелистер?
Трансферот на Илија Темелковски на тренерското место во Е.Работник за многумина во ракометниот свет беше изненадување, но во Битола се подготвуваат уште изненадувања. Тие би требало да се случат следната сезона, кога на сцената треба да се појави нов, посилен и конкурентен тим што би требало да го врати градот на регионалната ракометна карта. Планирани се и нови играчи, па дури и познат тренер.
Во ракометните кулоари сè почесто се споменува можноста од сегашните две „просечни“ екипи на Е.Работник и на Пелистер со спојување да се создаде еден силен и респектибилен тим. На тој начин ќе има и поголем буџет, шанса за ангажирање на подобри играчи и пред сè за вклучување во игра за некој домашен трофеј и место во СЕХА лигата. Идејата не е нова, но сега веројатно е веќе созреана за реализација. Сè зависи и од новата општинска влада и нејзината одлука да продолжи да го спонзорира тимот на Пелистер.