Connect with us

Тајмаут

Во Германија – навивач истури пиво врз судијата, тој го прекина натпреварот (ВИДЕО)

Скандал изби на неделниот натпревар од Третата Бундес лига помеѓу Цвикау и Рот Вајс Есен. Двата тима влегоа во директна битка за опстанок, а натпреварот беше проследен со многу емоции, кои беа пренесени и на трибините.

По завршувањето на првото полувреме, судијата на натпреварот беше полеан со пиво, а неговата одлука беше да го прекине натпреварот.

Во тој момент резултатот беше 1:1. Домаќините поведоа во 36. минута преку Бауман, а во последната минута од полувремето судијата досуди пенал за гостите и црвен картон на Буцен од Цвикау. Енгелман реализираше од пенал и израмни.

На враќање во соблекувалната, еден од навивачите кои го чекаа на влезот во тунелот, судијата го опсипал со голема чаша пиво.

Се уште не е јасно дали натпреварот ќе биде презакажан или Цвикау стандардно ќе загуби.

Интересно, слично нешто се случи и на друг натпревар во Европа викендов. На натпреварот од холандското првенство помеѓу Гронинген и НЕК, во 17. минута ревност го полил судијата со пиво.