Connect with us

Фудбал

Во Интер уште еден „ѓавол“?

Ако може да им се верува на дел од англиските и италијанските медиуми, српскиот интернационалец Немања Матиќ одбил да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, па голема е веројатноста на крајот од сезонава да се раздели со „Црвените ѓаволи“.

Според пишувањата на италијанските медиуми Милан е заинтересиран за него, но „Калчиомеркато“ тврди дека нивниот градски ривал веќе отишол чекор напред и остварил контакт со фудбалерот и неговиот менаџер.

Договорот на Матиќ со Јунајтед му истекува на крајот од сезоната, па веќе во зимскиот преоден рок, според правилата на ФИФА може да преговара без дозвола од сегашниот клуб. Познато е дека во Интер веќе се Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, иако вториот е на позајмица. Директорот на Интер, Бепе Марота е познат по ангажирањето на слободни фудбалери, па „Калчиомеркато“ пишува дека големи се шансите Матиќ од следната сезона да ја зголеми колонијата на „Црвените ѓаволи“ во Интер.

Немања Матиќ во 2017 година на инсистирање на Жозе Мурињо беше купен од Челзи за 44,7 милиони евра.