Кошарка
Во луда партија – Јокиќ постигна 43 поени, но Денвер загуби
Минесота Тимбервулфс ги совлада Денвер Нагетс со 114-108 по продолжение, со што му ја ускрати првата можност на Денвер да обезбеди пласман во полуфиналето.
Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 43 поени, 11 скока и 6 асистенции.
По победата од 3:0, Денвер влезе порелаксирано во натпреварот и тоа го искористија гостите.
Во првиот дел од играта, Јокиќ собра речиси 30 поени, колку што има и сите останати од главната петорка на тимот.
Jok dunk sighting pic.twitter.com/58Azl7PGuy
— Denver Nuggets (@nuggets) April 24, 2023
Минесота го диктираше темпото на игра од првата секунда и беше на работ на двоцифрено водство во текот на сите 12 минути. Во втората четвртина, Денвер израмни и го сврте водството во своја полза за да дојде до водство од 4 поени на пауза.
Избраниците на Мајк Мелоун подобро го започнаа второто полувреме, па по воведните неколку минути имаа предност од осум поени. Минесота тргна во серија од 16:5 и во решавачкиот дел влезе со 7 поени предност.
Минесота успеа да изгради уште поголемо водство на средината на последниот период, но благодарение на Никола Јокиќ и Мајкл Потер работите се израмнија.
AG's got it ☑️ pic.twitter.com/VSvl8VlVai
— Denver Nuggets (@nuggets) April 24, 2023
Во продолжението „волците“ победија со 18:12 и со тоа ја намалија негативата во серијата на 1:3 победи.
Во другиот натпревар кој се одигра синоќа, Бостон ја победи Атланта со 129:121 и поведе со 3:1. Треј Јанг постигна 35 поени за Атланта.