Connect with us

Фудбал

Во најава „бомба“ од Шпанија, Малдини имал состанок со Абидал, дефанзивецот на Барса се сели во Милано

Како што пренесува шпанскиот весник „Спорт“, кој поприлично добро е информиран кога се во прашање трансферите во Барселона, во петокот вечерта во Милано имало состанок помеѓу Паоло Малдини, директор на „Росонерите“ и претставниците на тимот од Каталонија, Ерик Абидал и Рамон Планес.

Малдини сака на „Сан Сиро“ да го донесе штоперот роден во 1999 година, Жан Клер Тодибо. Наводно, Барселона нема ништо против и бара 10 милиони евра.

Тодибо во Барса пристигна на почетокот на оваа година од француски Тулуз, а има само два настапи, или поточно речено 77 минути во дресот на Барселона.