Connect with us

Кошарка

Во Неготино почна 11. издание на турнирот во улична кошарка

На градскиот плоштад во Неготино синоќа почна 11. издание на турнирот во училна кошарка „Street Ball 2018“ на кој учествуваат екипи од неколку градови во регионот.

Се игра во три конкуренции и тоа машка сениорска и јуниорска и женска конкуренција.

– На првиот ден од турнирот во мошне силна конкуреција беа одиграни неколку одлични натпревари од првото и второто коло на турнирот. Денес ќе бидат одиграни натпреварите од третото, последно коло од групната фаза и првата четвртфинална елиминациска фаза од турнирот. Утре ќе бидат одиграни натпреварите од завршницата, односно двата полуфинални натпревари, натпреварот за третото место и големото финале на овогодинешното издание од турнирот. На последниот ден од турнирот ќе биде организиран и натпреварот во тројки кој е особено атрактивен за гледачите, изјави денеска Методи Митрев, портпарол во општина Неготино.

Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 35.000 денари, а за најдобрата екипа во сениорска конкуренција предвидена е награда од 20.000 денари. Наградите ќе ги врачи градоначалникот на Неготино, Тони Делков, кој е покровител на манифестацијата.