Connect with us

Фудбал

Во Реал бесни како никогаш досега: Како може тој човек да спие вечерва?

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 1:1 со Атлетико во градското дерби, а домашниот тим го налути судијата Хозе Марија Санчез Мартинез. Реал имаше водство повеќе од еден час игра, но потоа во 93. минута со голот на Маркос Љоренте остана без два важни бода, па во следната рунда во директна пресметка Жирона, која може да го преземе врвот на табелата во Ла Лига ако победат над Реал.

Кралскиот клуб е апсолутно огорчен од судењето на овој натпревар. Сметаат дека еден од најсигурните шпански судии Хозе Марија Санчез Мартинез ги оштетил за дури три пенали. Затоа реакцијата директно од клубот го обиколи светот. Реал Мадрид ТВ, официјалната ТВ презентација на клубот, во традиционалниот пренос по натпреварот покажа вистинска огорченост од судијата. „Овој човек дали има совест и дали ќе може да спие вечерва?“, рекоа на ТВ Реал Мадрид, објаснувајќи зошто судијата Мартинез требало да досуди три пенали за домашниот клуб.