Фудбал
Во Славија Прага бесни: Меси и дружината се однесуваа неспортски
Славија Прага направи голем успех синоќа на „Камп Ноу“ каде ремизираше без голови со Барселона во ЛШ. Еден од јунаците беше голманот на гостите Ондреј Колар, кој во неколку наврати со маестрални одбрани ја сочува својата мрежа.
Иако е воодушевен од претставата на „Камп Ноу“, сепак не беше задоволен од начинот на кој фудбалерите на Барселона се однесуваа по завршувањето на мечот.
-Единствен кој остана да се поздрави со нас по мечот е Тер Штеген. Тој дури ме пречека во тунелот и го пофали мојот настап. Се наежив кога го слушнав тоа, за мене тоа беше вистинска награда, вели тој додавајќи:
-Меси и останатите играчи само го напуштија теренот. Ниту еден од нив не ни пружи рака, тоа беше јасно. Со нетрпение чекавме да ги одмериме силите со големи играчи, сакавме да ги размениме дресовите, меѓутоа тие не се однесуваа спортски, изјави Колар.