Connect with us

Тајмаут

ВО ЖИВО: Почна протестот пред „Камп Ноу“ неколку часа пред големото „Ел Класико“

Голем број на Каталонци се собраа пред „Камп Ноу“ на протест во пресрет на вечерашното „Ел Класико“. Спроведени се големи мерки за безбедност, а причина за ова е судењето на неколку каталонски политичари за обидот за независност на Каталонија во 2017 година.

Политички, Барселона и Мадрид имаат проблеми, спортски, двата клуба се големи ривали. Иако, политиката и спортот немаат врска едно со друго, сепак вечерва и тоа како влијанието е големо.