Connect with us

Кошарка

Вокер го смени Ирвинг во Селтикс

Бостон го ангажираше Кемба Вокер за заменик на Каири Ирвинг, па дури и пред да одигра една минута со екипата на Селтикс, новиот бек на тимот ужива сериозна доверба кај раководството.

Еден од сопствениците на „келтите“, Вик Грусбек, зборуваше на прекрасен начин за најголемото летно засилување на легендарниот тим.

– Кемба е феноменален играч. Одлична личност која едноставно блеска и има аура што зрачи со чиста позитивност. Тој е крајно возбуден од доаѓањето тука. Мило ми е што нè одбра. Тој зборуваше со жар за сите титули, шампионски прстени и чувството да се биде играч на Бостон, изјави Грусбек за „ВЕЕИ“.

Претседателот на кошаркарските операции во Селтикс, Дени Ејнџ паксмета дека Вокер е докажано име во Лигата, и долги години покажал конзистентност во НБА.

– Совршено ќе се вклопи во нашата организација, смета Ејнџ.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com