Кошарка
Вол го опцул тренерот
Вашингтон влезе во новата сезона во НБА-лигата со високи амбиции, особено поради ослабената Источна конференција и заминувањето на Леброн Џејмс од Кливленд во Лос Анџелес.

Сепак, „визардс“ има катастрофален старт со скор од 6 победи и 11порази. Американските медиуми јавуваат за комплетен распад во редовите на тимот и тоа најмногу поради двете звезди Џон Вол и Бредли Бил.
Наводно Вол го опцул својот тренер Скот Брукс на еден од тренинзите. Поради тоа веднаш заработил парична казна, но раководството на Вашингтон е разочарано од односот на кошаркарите.
Наводно генералниот менаџер веќе почнал контакти со други тимови и на сите заинтересирани страни им соопштил дека е подготвен да ги трејдува сите кошаркари па дури и Џон Вол и Бредли Бил како најголеми ѕвезди.