Connect with us

Фудбал

ФОТО: Застрелан фудбалерот Мартин Јанушев

Со пет куршуми вечерва нешто по 18 часот во скопски Аеродром пред кафулето „Ред Кафе“  застрелан е дваесет и пет годишниот фудбалер Мартин Јанушев.

Напаѓачот на Мартин го фрлил пиштолот на местото на настанот и според информациите од терен заминал во правец на Скопски саем.

Очевидци јавуваат дека полицијата врши увид а пиштолот е на улицата пред кафулето. Полицијата потврди дека нападнатиот бил застрелан по што веднаш со приватно возило е префрлен во болница каде му се врши операција.

Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот со четири до пет куршуми стрелал во пределот на главата и вратот на жртвата кој е активен фудбалер. Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На лице место на улица Владимир Комаров во Аеродром се врши увид. Застреланиот е идентификуван Мартин Јанушев, брифираат за ТВ Телма полициски извори.

Јанушев во својата кариера настапуваше за неколку македонски клубови, како и екипи од соседството.