Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Хорор повреда на Гомеш, Сон плачеше од шокот

Мечот на „Гудисон Парк“ помеѓу Евертон и Тотенхем (1:1) остана за жал во сенка на тешката повреда на Андре Гомеш 79.минута. Тој прими една топка покрај аут-линијата, на средината на теренот, направи неколку чекори напред, а потоа Хјунг Мин Сон направи „старт“ од зад грб.

Го сопна Гомеш, овој потоа се судри со Серж Орие, кој беше во полн налет, а резултатот е скршеница на глуждот.

Ужасните сцени ги забележаа и камерите и фоторепортерите. Изразот на лицето на Гомеш доволно говори за болката, а од друга страна Сон плачеше од шокот.