Други спортови
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА Малолетник ММА борец загина за време на натпревар
Вистинска трагедија се случи во неделата во рускиот град Белогорск за време на ММА турнир.
Како што јавија локалните медиуми, 16-годишен натпреварувач од Архаринск загинал како последица на удар во главата за време на натпреварот.
Како што пренесуваат медиумите, несреќниот тинејџер загинал и поради тоа што при тепачката не носел заштитна кацига, која е задолжителна за малолетните спортисти.
Се уште не е позната причината зошто главниот судија дозволил ваков пропуст.