Connect with us

Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен потпретседател на познат боливиски фудбалски клуб

Потпретседателот на боливискиот фудбалски клуб Блуминг, Нелсон Муриел Алварез, беше убиен во градот Санта Круз.Заедно со него бил и клубскиот раководител кој пак добил четири прострелни рани од куршуми во пределот на ногата и рацете.Причините сеуште не се познати.

Двајца мажи се водат како осомничени за убиството на Муриел Алварез,а еден од нив веќе е уапсен, при бегството.

Екипата на Блуминг е петкратен шампион на Боливија тим кој учествувал во натпреварувања како што се „Копа Либертадорес“ и „Копа Судамерикана“.



Извор: Дриблинг