Фудбал
Врсаљко повторно се сели во Серија А, стигнува помош во Наполи за скудетото
Гулам доживеа тешка повреда на лигаментите во средата и очигледно ќе биде отсутен од теренот до крајот на сезоната.
Многумина веруваат дека овие повреди ќе бидат голем удар за Наполи во борбата за Скудето.
Сепак, Наполитанците нема да седат со скрстени раце, па во јануари тие ќе ја бараат замената на Алжирецот.
Според најновите информации од Италија, тимот од Неапол е во сериозни преговори со фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативецот на Хрватска, Симе Врсаљко.
Хрватскиот фудбалер е запознаен со италијанскиот фудбал откако играше за Џенова и Сасуоло.
Минатата сезона тој имаше добра минутажа во Атлетико, но треба да се додаде дека главната причина за ова беше повредата на Хуанфран. Оваа година тој не добива голема шанса и нема да има ништо против враќањето во Италија и помагање на Наполи за Скудето.
Во летото 2016 година, Симе Врсаљко се пресели од Сасуоло во Атлетико Мадрид за 16 милиони евра.