Connect with us

Ракомет

Втор пораз на македонските ракометари на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација вечерва го доживеа вториот пораз во рамките на Европското првенство. Репрезентацијата на Црна Гора успеа да издвојува победа од 24:28.

Македонските ракометари не го започнаа најдобро натпреварот па селекцијата на Црна Гора успеа да постигне серија од 4:0, првиот гол Македонија го постигна во 5. минута.

Потоа следуваше игра гол за гол но не траеше долго, а ракометарите на Македонија во првиот дел од првото полувреме не успеаа да направат серија, а Црна Гора стигна и до +5.

Македонија првото исклучување го имаше во 20. минута, но сепак со играч помалку успеа да стигне до нагатива од еден гол.

На самиот крај на првото полувреме Македонија имаше шанса да израмни на 17:17 но сепак не успеа и резултатот остана 16:17.

И второто полувреме нашата репрезентација не го започна баш најдобро. Нашите ракометари како да немаа идеа како да дојдат до погодок

Првато изедначување на резултатот дојде во 32. минута од натпреварот кога од пенал попгоди Кузмановски за 17:17.

Грешките на нашата репрезентација ги искористи противникот и во 38. минута од натпреварот Црна Гора прави +2 (17:19).

Македонската репрезентација некако успеваше да се држи на на негатива од два гола, но во 48.инута од натпреварот Црна Гора доаѓа до водство од 21:24.

На 5 минути од дкарјот на натпреварот, Црна Гора стигнува до високи +4 (22:26).

Македонската репрезентација забележа еден лош натпревар. За разлика од нашата репрезентација, Црна Гора одлигра еден одличен натпревар, успеа да ја задржи гол разликата до самиот крај на натпреварот и да издвојува победа од 24:28

Реклама

Facebook

Реклама