Ракомет
Вујовиќ: Би сакал да го вратам Карачиќ во Вардар, би било неверојатно
Тренерот на РК Вардар, Веселин Вујовиќ во интервју за Бекстејџ рече дека би сакал да го врати во „црвено-црниот“ дрес Игор Карачиќ, но не само него туку уште некои ракометари.
– Не само Карачиќ, сакам и многу други од старите играчи. Во моментите кога се освојуваа европските титули, кога беа тренери Раул и Парондо, тука беа играчи како Душебаев, Циндриќ, Криштопанс, сите би сакал да ги видам во Вардар. Но, невозможно е за нас во овој момент да вратиме и да создадеме таква екипа. Ако успееме да го вратиме Карачиќ, тоа би било неверојатно и за мене како тренер и за навивачите и за квалитетот на самиот клуб. Но, тоа засега не е реална опција, изјави Вујовиќ.
Инаку, Вардар во новата сезона од ЛШ има едно реми и две победи.