Ракомет
Вујовиќ брутално искрен: Вардар не личеше на себе (ВИДЕО)
Вардар 1961 по перфектниот старт на Лигата на шампионите се сопна во дуелот со француски Монпелје (25-31) во рамки на четвртото коло во кое важеше за апсолутен фаворит на хартија.
Тренерот на „црвено-црните“ брутално искрен. Вели дека потфрлиле во сите сегменти на играта.
-Вардар не личеше на екипата која играше добро во првите три кола. Монпелје е квалитетна екипа, го победи германски Кил, ние целосно потфрливме, изјави Вујовиќ.