Connect with us

Ракомет

Вујовиќ брутално искрен: Вардар во овој момент нема екипа за „пеколен“ распоред

По ремито во првото коло од новата сезона во ЛШ, Вардар во среда го очекува нов предизвик. На домашен терен го пречекува Мешков Брест. За тренерот Веселин Вујовиќ проблем е згуснатиот праспоред. Како што вели тој во изминатите седум дена одиграле четири меча, а со следните два ќе бидат вкупно шест за 12 дена. Тоа според него е голем проблем, иако вели не сака да бара однапред алиби.

-Не сакам да се жалам, но имаме одиграни четири натпревари за седум дена, а со дополнителни два, ќе одиграме шест натпревари за 12 дена. Вардар во овие моменти нема екипа да го издржи овој ритам. Не бараме оправдување, но последната недела немаме направено два нормални тренинзи. Треба да се надминене во дуелот со Мешков кој од година во година оди напред, вели Вујовиќ.

Тој воедно додава дека Вардар не е Вардар без навивачи. Поради корона мерките, салата „Јане Сандански“ одамна не била полна како што сме навикнати да ги гледаме мечевите на Вардар во ЛШ.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама