Ракомет
Вујовиќ пред мечот со Алборг: Во „Јане Сандански“ можат да паднат и најсилните
По победата над Мешков Брест, РК Вардар утре вечер се надева на нов триумф во ЛШ, овој пат против Алборг. Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека во „Јане Сандански“ пред домашните навивачи, можат да „паднат“ најсилните, па зошто не и Алборг.
-Нормално дека Вардар дома може да победи секого, па и Алборг, со помош на публиката сè е можно. Сигурен сум дека тие добро ќе нѐ анализираат и Вардар е за нив прв сериозен тест и сигурно нема да дојдат неподготвенСепак, ние играме дома, ја имаме поддршката од публиката. На крилата на навивачите даваме 100% од себе, играме квалитетно и можеме да го победиме секивал, па и Алборг – вели Вујовиќ.
Мечот се игра утре со почеток во 18:45 часот во „Јане Сандански“.