Ракомет
За една победа 30.000 евра, РФМ ги одреди премиите за ракометарите за Светското првенство
Вечерва почнува светското ракометно првенство и тоа од 21 часот со мечот Полска и Франција. Македонија својот прв натпревар го игра за четири дена, односно на 15-ти јануари со Норвешка. Македонската репрезентација е во групата Ф, каде уште се наоѓаат Холандија, против која играме на 17-ти јануари и Аргентина, со која ќе се сретнеме на 19-ти.
РФМ за овој турнир ги објави премиите. Па, така за една победа која веројатно ќе донесе пласман во следната рунда, ракометарите ќе поделат 30.000 евра. За две победи премијата е 45.000, додека 60.000 ќе поделат, доколку ги добијат сите три меча. Ова секако е дополнителен мотив, иако на ракометарите главниот мотив сам од себе е настапот на Мундијалот.