Кошарка
За малку бокс меч во НБА, се фатија за гуша, ама другите ги спречија да си разменат тупаници (ВИДЕО)
Изминатата ноќ во НБА ја одбележа жестока физичка пресметка. Донован Мичел од Кливленд и Дилон Брукс од Мемфис се најдоа во клинч.
Мичел падна и го удри со топката додека паѓаше, а потоа скокна врз него, по што следеше гужва под кошот во која брзо се приклучија и останатите играчи за да ги одвојат.
Играчите беа разделени пред да си зададат сериозни удари еден на друг.