Connect with us

Фудбал

За првпат странец ќе суди натпревар од Премиер лигата

Aвстралиец ќе суди натпревар во Премиер лигата.

Никогаш претходно странец не бил судија на натпревар од Премиер лигата. За првпат тоа ќе се случи на натпреварот в сабота помеѓу Вотфорд и Њукасл кој ќе го суди Џаред Жилет.

Овој судија има ФИФА значка, а англиската Премиер лига го познава од претходно и на некои натпревари беше во ВАР собите.

Жилет е судија на ФИФА од 2013 година, а до сега делеше правда во пониските лиги во Англија и во Австралија каде што е роден.