Connect with us

Ракомет

Заев ги прими ракометарите на Вардар: Ќе ги наградиме со 500.000 евра, сакаме клубот да опстане!

Премиерот Зоран Заев, ги прими ракометарите на Вардар, новите европски шампиони во Владата. Тој им вети дека ќе им додели 500.000 евра, и Владата ќе започне со мерки за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, пишува ТВ21.

„Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за…

Gepostet von Zoran Zaev am Dienstag, 4. Juni 2019

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.“, напиша Заев на својот „Фејсбук“ профил.

Извор: ТВ21