Ракомет
Заминува десното крило на Вардар – Иван Чупиќ влегува во редовите на европскиот шампион?
Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ ќе ги засили редовите на европскиот шампион Кил.
Чупиќ е само еден во низата големи играчи кои го напуштаат Вардар. Тој е во Македонија од 2016 година, беше двократен европски шампион, но сега оди кај Домагој Дувњак во Кил.
Германскиот великан неодамна ја освои Лигата на шампионите, а сега реши да го донесе хрватскиот репрезентативец.
Најдоброто десно крило во Европа беше мета на Мешков Брест и Загреб, но Кил е сепак некој на кој секогаш му се дава приоритет.
Сепак, Чупиќ остави трага во Вардар и сите ќе се сеќаваме на неговите одлични настапи.