Connect with us

Тајмаут

Започна третиот меморијален турнир „Валентин Стефановски“

Со едно минутно молчење започна третиот по ред хуманитарен турнир во фудбал „Валентин Стефановски“.

Пред преполната сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар со свечена програма на која учество зедоа играорната група „Илинден“ од Демир Хисар и обраќањето на градоначалникот а Општина Демир Хисар, Марјан Стојановски официјално беше отворен меморијалниот турнир во чест на Валентин Стефановски.

„Имав чест што лично го познавав Валентин, жал ми е што овој турнир е меморијален, сакав да биде само турнир“, изјави Марјан Стојановски – градоначалник на Општина Демир Хисар.

На официјалното отварање на турнирот присутна беше и градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска. Валентин своите последни фудбалски активности ги имаше токму за екипата на Могила.

Во текот на вечерва ќе се одиграат четири натпревари.

18:00 ТИНКО10 – КАФЕ13/Диадем/Пела

19:00 Рес. Европа/Дадем – Бене Бош

20:00 ЗФСК “Начко” – Дуки Мајсторчето

21:00 Систерс Паб – Лозница

Реклама

Facebook

Реклама