Connect with us

Фудбал

Започнува фудбалска револуција во Англија: судиите со камери стануваат недопирливи

Од овој викенд започнува револуција во колевката на фудбалот, бидејќи судиите ширум Англија ќе носат камери и на тој начин ќе се „обезбедат“ со најсовремена технологија. Фудбалската асоцијација (ФА) донесе револуционерна одлука која ќе стапи на сила овој викенд. Ова е пробна идеја која доколку заживее наскоро ќе се користи во сите најсилни англиски лиги.

Судиите во четирите големи фудбалски лиги ќе носат камери за тело од овој викенд. Целта е да се подобри однесувањето и почитта на играчите и гледачите кон официјалните лица.

Така судиите ќе бидат максимално осигурани. Поради контроверзните одлуки играчите и навивачите често ги напаѓаат судиите, а со новата технологија веќе ништо не може да се сокрие. Ќе биде јасно и што прават судиите и разговараат со играчите и колегите и ќе се спречат многу нерегуларности.

Пилот-проектот на ФА е прв од ваков вид насекаде во светот и доаѓа откако доби зелено светло од управното тело на играта, ФИФА.

Објавувањето на одлуката доаѓа во истата недела кога мнозинството судии интервјуирани од BBC Radio 5 изјавија дека биле малтретирани барем еднаш на теренот.

Би-Би-Си контактираше со 7.000 членови на Англиската асоцијација на судии и 98% рекоа дека барем еднаш во кариерата доживеале вербална или физичка злоупотреба од гледачи, играчи, тренери или менаџери.